Тетекс повторно второлигаш преку фузија со Лабуништа

Тетекс повторно второлигаш преку фузија со Лабуништа

По една сезона во третолигашката конкуренција, екипата на Тетекс од Тетово преку фузија се враќа во Втората лига. Донесени и првите две засилувања.

Тетовчани не учествуваа во петочната жрепка за пополнување на 2.МФЛ Запад бидејќи во моментот на прекин на сезоната во Третата лига Запад беа на второто место. Но, амбициите на клубот се далеку од третолигашки, па Тетекс најде начин да се најде онаму каде што сакаше да се избори на зелениот терен.

Екипата на Лабуништа од истоименото струшко село уште пред два месеца најави дека поради финансиски проблеми веројатно нема да може да се натпреварува во новата сезона. Тетовчани не седеа со скрстени и раце и навреме почнаа преговори со оваа екипа која беше стабилен второлигаш. Договор падна и со фузија Тетекс се враќа во Втората лига.

Како ќе функционира?

За правно да биде сѐ регуларно, екипата на Лабуништа веќе го промени своето седиште од Лабуништа во Тетово и пристапи од ОФС Струга кон ОФС Тетово. На почеток клубот ќе го носи името ФК Лабуништа 2011 Тетово, додека на полусезона, според правилата, ќе му биде дозволено да се преименува во ФК Тетекс Тетово. Промената веќе е регистрирана и во Централниот регистар.

Бидејќи според правилата вистинска фузија е дозволена 45 дена пред почеток на сезоната, а сега веќе е касно за такво нешто, правно фузијата ќе биде направена дури наредната година. Затоа на зима кога Лабуништа ќе се преименува во Тетекс клубот ќе добие додавка, а како што дознава Кајгана се размислува за Тетекс 1953 или можеби Тетекс 53. Тоа е бидејќи истовремено одредено време ќе постојат два правни субјекта со име ФК Тетекс.

Тимот веќе почна со подготовски за новата сезона, а донесени се и првите две засилувања. Станува збор за Меритон Салији од Ренова кој игра на позицијата дефанзивна средина и всушност се враќа во Тетекс по една година. И второто засилување, Мирослав Јованоски од Гостивар, е повратник. Тој како роден тетовец кариерата и ја почна во Тетекс каде последен пат играше во сезоната 2017/18.

Извор:КАЈГАНА

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds