• 24/09/2020

Тетово и Битола најзагадени, наскоро прецизни податоци и за загадувањето во Охрид

 Тетово и Битола најзагадени, наскоро прецизни податоци и за загадувањето во Охрид
loading...
Advertisement

И оваа зима градовите во Македонија се меѓу најзагадените во Европа. Според податоците на релевантните мерни станици на Министерството за животна средина,утрово најзагадени градови во земјава се Тетово (ПМ 25 – 116 г/м3) и Битола (ПМ 25 – 110 г/м3).

За Охрид, се уште нема официјални податоци за нивото на загаденост од релевантни институции за обемот на присуство на штетните ПМ 10 честични, но и на другите штетни честички и материи во воздухот. Такви податоци ќе има наскоро, благодарение  на европскиот проект „АIRTHINGS за ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздух“, што го реализира Министерството за животна средина, во рамки на кој Одделението за заштита и влијание врз животната средина при општина Охрид есенва постави сензори и филтри на различни локации на јавни институции и домаќинства, за следење на еколошки параметри.

Преку т.н интелигентни сензори за мерење на квалитетот на воздухот, ќе бидат обезбедени релевантни податоци  за загадувањето во реално време преку мрежа за формирање на интернет поврзани градови, што на надлежните институции треба да и  помогне во носењето на правовремени одлуки за подобрување на квалиутетот на амбиенталниот воздух и заштита на здравјето на населението.

Во отсуство на такви податоци, во јавноста често се пласираат информации од разни апликации и други мерења, кои, како што тврдат одговорните за заштитата на животната средина, не ја прикажуваат вистинската слика, бидејќи мерењата не се вршат во согласност со европските стандарди за мерење на квалитетот на воздухот, поради што можни се варијации кои не соодветствуваат со реалната состојба.

Г.М.

Извор: OhridNews