• 20/09/2020

Тетово испрати 24 тони помош за Албанија

 Тетово испрати 24 тони помош за Албанија
loading...
Advertisement

Од општина Тетово, поточно од Територијалната противпожарна единица е испратена и стручна помош.

Општина Тетово како помош за настраданите од земјотресот во Албанија денес ја испрати првата пратка со 24 тони со храна, хигиенски средства, облека, ќебиња и други работи.  По повикот на општината оваа помош беше складирана на собирниот пункт во кругот на противпожарната единица.

– Општина Тетово одвои и 25 илјади евра преку реорганизација на буџетските средства. Со оглед дека имаше голема заинтересираност на луѓето отвори пункт за собирање на хуманитарна помош. Одговорот на граѓаните, организации и фирми резултираше со првата пратка од 24 тони која оди денес за Албанија. Сметавме дека денес со ова ќе завршиме со ваквите активности но поради големата заинтересираност утре ќе имаме уште една пратка со минимум од овие димензии, изјави градоначалничката Теута Арифи.

Од општина Тетово, поточно од Територијалната противпожарна единица е испратена и стручна помош.

– Противпожарната единица со тим од пет членови тренирани за спасители, заедно со средства за работа и опрема се веќе таму и се надеваме дека ќе си помогнеме колку што можеме да се спасат човечки животи, рече Арифи.

Помош за настраданите во земјотресот во Албанија се собира низ Тетово на уште десетина локации, како на плоштадот, пазарот, во училиштата и Универзитетите и други места.