TikTok забранет во Италија: Девојче се задушило додека правело „предизвик“

 TikTok забранет во Италија: Девојче се задушило додека правело „предизвик“

BRAZIL – 2020/06/19: In this photo illustration the TikTok logo seen displayed on a smartphone. (Photo Illustration by Rafael Henrique/SOPA Images/LightRocket via Getty Images)

По смртта на едно девојче од Палермо, кое учествувало во онлајн предизвик со онесвестување, италијанските валсти им наложија на администраторите на TikTok, да го блокираат пристапот на корисници, чија возраст не можат да ја потврдат.

Девојчето починало учествувајќи во предизвик со стегнување шал или ремен околу вратот, со цел да се намали дотокот на кислород во мозокот и да дојде до привремено губење свест.

Јавното обвинителство од Палермо отвори истрага во врска со овој случај за „поттикнување самоубиство“, откако 10-годишното девојче починало од загушување.

„Италијанска агенција за заштита на податоците (ГПДП) му нареди на TikTok веднаш да ги блокира оние корисници на кои возраста не може да им се утврди со сигурност“, се вели во соопштението на ГПДП.

Ваквата одлука дошла веднаш по немилиот настан со малолетното девојче. Според условите за користење на TikTok, корисниците мораат да имаат најмалку 13 години. На кинеската апликација ѝ е забрането да обработува податоци на лица под оваа возраст. Tags #TikTok

>
>