Тимот на ЈП Водовод и канализација ја чисти канализацијата на атмосферски води кај градското шеталиште

Тимот на ЈП Водовод и канализација ја чисти канализацијата на атмосферски води кај градското шеталиште

Во изминатите неколку денови, тимовите на ЈП Водовод и канализација интервенираа во чистење на канализацијата на атмосферските води во градското шеталиште.

-Станува збор за испуштање на цевките што ја испуштаат атмосферската вода на Црн Дрим и одговоривме на повиците на граѓаните каде имаше оштетување на мрежата.-стои во соопштението од претпријатието.

Од таму додаваат дека оваа активност ќе продолжи и во наредните денови со цел да се реализира овој проект започнат на иницијатива на новоименуваниот директор Др. Дашмир Насуфи, за да се заштитат граѓаните од можни поплави.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds