Тинејџерка (18) 3 дена ја болел грбот! Отишла на лекар, а после неколку минути во болничкиот тоалет, доживеала шок!

 Тинејџерка (18) 3 дена ја болел грбот! Отишла на лекар, а после неколку минути во болничкиот тоалет, доживеала шок!

Дион Сиборн (18) страдала од силни болки во грбот, па мислела дека се повредила на своето работно место во „Burger King“.

Меѓутоа, имала контракции, а не знаела дека е бремена. Отишла во болница на преглед за грбот за да дознае што не е во ред. Ја прегледал општ доктор, но морала да направи уште неколку анализи. Отишла на вториот кат за да направи анализи, и таму одненадеж се породила!

„Ме болеше грбот отприлика три дена и мислев дека сум се повредила на работа, па отидов во болница да видам што се случува. Поради пандемијата бев сама. Ме примија, ми го измерија крвниот притисок и температурата“, раскажала Сиборн.

Таа отишла во тоалетот во болницата за да изврши нужда, а во следниот момент родила дете, незнаејќи дека е бремена. Морала силно да вреска за да ја слушне медицинската сестра, бидејќи во еден момент нејзиното бебе било во WC школката. Го извлекле оттаму и го однеле да го искапат. Дион рекла дека никогаш во животот не се исплашила повеќе.

Потоа му се јавила на момчето и му рекла дека станал татко. Тинејџерот бил во шок, но брзо пристигнал во болница.

Девојката вели дека немала никакви симптоми за бременост, дури и се чувствувала како да ослабнала во последно време.

„И понатаму имав редовна менструација, па не ми падна напамет дека сум бремена. Се чувствував сосема номално. Немав никакви чудни желби за храна, нозете не ми отекуваа, а облеката ми беше точна. Не се здебелив, всушност сите ми велеа дека сум ослабнала“, раскажала таа.

Бебето се родило сосема здраво и сега е со своите млади родители.