Тлото во Хрватска и натаму се тресе: Еден земјотрес регистриран во близина на Петриња, втор во Загреб

 Тлото во Хрватска и натаму се тресе: Еден земјотрес регистриран во близина на Петриња, втор во Загреб

Нов земјотрес во близина на Петриња е регистриран синоќа во 21:36 часот.

Земјотресот бил со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот е 14 километри југозападна од Сисак, на длабочина од пет километри.

Ноќеска во 03:49 часот во близина на Загреб се случил земјотрес со јачина од 2,6 степени. Епицентарот бил 10 километри северно од главниот хрватски град.

>
>