Тлото во Турција не мирува, нов силен земјотрес попладнево

 Тлото во Турција не мирува, нов силен земјотрес попладнево

Тлото на западното турско крајбрежје на границата со Грција не мирува. Утрово беа регистрирани серија на земјотреси, меѓу кои најсилниот со 5,1 степен.

Земјотресите продолжија и попладнево, а еден од нив се случи во 14:10 часот со јачина од 4,7 степени, на длабочина од 5 километри. Епицентарот бил на 112 километри северо-западно од Измир.

>
>