Тоа е најголема закана: Се вклучи алармот во Вашингтон, Кина планира да гради воени бази на брегот на Атлантикот!

 Тоа е најголема закана: Се вклучи алармот во Вашингтон, Кина планира да гради воени бази на брегот на Атлантикот!

Американските сили во Африка внимателно ги следат активностите на кинеската армија, затоа што во Вашингтон постои загриженост дека Кина планира да ги прошири своите воени и поморски бази на овој континент.

Ова го потврди командантот на американската армија во Африка, генерал Стивен Таусенд.

„Знаеме за желбата на Кина да изгради бази ширум светот. Најмногу сум загрижен поради Африка и брегот на Атлантикот“, изјави Таусенд, пренесува „Гласот на Америка“.

Кина својата прва воена база во Африка ја изгради во 2017-та година во Џибути, а од тогаш покажа голем интерес за проширување на своите воени операции во таа земја, но и други делови од континентот.

„Во изминатите две години изградија направија големо пристаниште како додаток на таа база. Тука можат да се закотват најголемите бродови, носачи на авиони и нуклеарни подморници“, оценува Таусенд.

Кина, според оценката на американската армија, сега планира да изгради воени бази во Танзанија, но и на африканскиот брег на Атлантскиот океан.

„Тоа е најголема закана, затоа што тие не сакаат пристаниште на кое ќе точат гориво или ќе набавуваат намирници. Сакаат пристаниште во кое ќе можат да наполнат муниција или да ги поправат воените пловила. Агресивно работат на тоа“, изјави Таусенд.

Американските власти предупредуваат дека Пекинг многу пари вложува во Африка – во изминатите 10 години Кина во инфраструктурата и развој вложи дури 60 милијарди долари, а исто така се шири и мрежата на амбасади. Кина во Африка има 52 претставништва, односно повеќе од САД.

Генералот Таусенд заклучува дека САД мора да работат на тоа да го задржат своето влијание во Африка.

„Не треба да се натпреваруваме со Кина за секој долар, туку да се насочиме таму каде што нашите инвестиции најмногу ќе се исплатат“, порача американскиот генерал.

>
>