Точно една година од првиот случај на коронавирус: Вирусот зарази 55 милиони луѓе и одзеде 1.300.000 животи

 Точно една година од првиот случај на коронавирус: Вирусот зарази 55 милиони луѓе и одзеде 1.300.000 животи

Пред една година бил регистриран првиот случај на коронавирус, а станува збор за 55-годишен маж од кинеската провинција Хубеи.

Од тогаш до денес бројот на заразени во светот надминал 55 милиони, а од последиците кои ги предизвикал овој вирус починале повеќе од 1,3 милиони луѓе. 

Кога бил забележан првиот случај, никој не ни помислувал дека вирусот толку долго ќе опстане, а уште помалку дека од него ќе починат толку луѓе.

Нултиот пациент бил регистриран, според пишувањето на “China morning post”, на 17-ти ноември 2019-та година во кинеската провинција Хубеи.

Тоа е повеќе од еден месец пред лекарите да ги регистрираат првите случаи во Вухан, пренесува “Tanjug”.

Научниците сметаат дека Ковид-19 од лилјак преминал на друго животно кое подоцна го консумирал човек, па така почнал да се шири меѓу луѓето.

Експертите тврдат дека од 17-ти ноември минатата година секојдневно биле пријавувани неколку пациенти, за на 15-ти декември тој број да биде 27.

Бројките потоа почнале вртоглаво да растат, а заразата да ја минува и кинеската граница.

Иако за една година закрепнале повеќе од 38 милиони луѓе, вирусот не ослабува и изгледа дека пикот допрва следи.

Денес набројната земја во светот, во која почнало се, се бележат по неколку случаи дневно, додека САД имаат и по 150.000 новозразени, а некои европски држави повеќе од 40.000.

Колку за споредба, во Кина од почетокот на пандемијата биле заразени повеќе од 86.000 луѓе, а починале 4.634.

Моментално најмногу заразени има во САД, Индија, Бразил, Франција и Русија.