
Точно на полноќ, нов силен земјотрес во Албанија
Точно на полноќ, нов земјотрес со јачина од 4,5 степени по рихтер ја погоди Албанија.
Жителите ги напуштија и вечерва домовите, а условите се отежнати во шаторите каде што се сместени бидејќи има обилни врнежи од дожд, пренесува ТВ21 од Драч, Албанија.
Епицентарот на земјотресот е со длабочина од 10km, а почувтвуван е и во западните делови на Македонија.