Томас Брајант се врати во Лејкерси

Томас Брајант се врати во Лејкерси

Томас Брајант се согласи на едногодишен договор со Лос Анџелес лејкерс, објави Крис Хејнс, инсајдер на „Јаху“.

За 24-годишниот кошаркар висок 208 см беа заинтересирани и Торонто репторс, Бостон селтикс, Милвоки бакс и Јута џез.

Брајант се врати во Лејкерс, каде ја помина својата прва сезона во НБА-лигата откако беше избран во второто коло на драфтот во 2017 година. Во 2018 година потпиша со Вашингтон визардс каде ги мина последните четири сезони.

Во јануари 2021 година, Брајант доживеа кинење на вкрстените лигаменти на коленото, но се врати на теренот една година подоцна. На 27 натпревари од регуларниот дел од НБА-сезоната, тој имаше просек од 7,4 поени и четири скока по натпревар. 

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds