Тони смет во морето кај Дубровник

 Тони смет во морето кај Дубровник

Секој посилен југо, нанесува тони отпад од морето на бреговите на далматинските острови како Корчула, Млет, Ластово, но и на областа на Дубровник, објавија локални медиуми.

Како што пренесува „Далмација данас“, претежно се работи за ѓубре од Албанија, каде тамошниот отпад неконтролирано завршува во реките, кои потоа до морето доведуваат абнормални количини пластични и други амбалажи, а морските струи и бранови со ѓубре го затрупуваат морското дно и крајбрежјето во Хрватска.

>
>