Топол бран доаѓа кон Македонија: Од недела вистинско лето со 33 степени

 Топол бран доаѓа кон Македонија: Од недела вистинско лето со 33 степени

Продолжениот викенд ќе почне со променливо облачно време. Денеска до крајот на денот ќе има многу ветер а не се исклучува можноста да заврне и дожд. Во текот на утрешниот ден не чека свежо утро а во текот на денот периоди со сонце но и облаци. Врнежи од дожд не се очекуваат.

Веќе од недела доаѓа вистинско лето. Температурите до вторник секој ден ќе надминуваат 30 степени а во некои појужни делови од земјава се најавуваат и 33 степени.  Топлото време се очекува да се задржи во текот на целата наредна работна недела.

>
>