Торнадо направи пустош низ турскиот град Чешме: Поплавни куќи, превртени автомобили и соборен кран (ВИДЕО)

 Торнадо направи пустош низ турскиот град Чешме: Поплавни куќи, превртени автомобили и соборен кран (ВИДЕО)

Мало торнадо во текот на ноќта го погоди турскиот град Чешме на егејскиот брег, оставајќи зад себе пустош во кој беа повредени 16 лица, соопштија локалните власти.

Торнадото помина низ градот Чешме, кој се наоѓа на околу 90 километри западно од Измир,корнејќи дрвја, уништувајќи покриви на куќи,  бројни автомобили и бродови, а турнат е и еден кран.

Најпогодена е локалното градилиште, каде што паднал и кранот и ја уништил монтажна куќа на работниците, кои се здобиле со повреди и едниот заврши во болница со скршеница на ногата.

„Чешме, рајот на земјата, претрпеа пекол минатата ноќ“, рече градоначалникот на тој град, Екрем Оран.

>
>