Тотален крах во Италија:Повеќе не можеме да се справиме со преполни мртовечници

 Тотален крах во Италија:Повеќе не можеме да се справиме со преполни мртовечници

Работниците во погребалните друштва од Рим денеска протестирале поради големото доцнење на погребите на градските гробишта и им порачале на властите дека не се способни да се изборат за големиот број на смртни случаи кои се последица од Ковид-19.

“Reuters” пренесува дека директорите на градските гробишта соопштиле дека повеќе од 2.000 тела се чуваат во еден римски крематориум, некои и од почетокот на годината, а кој, инаку, може да изврши околу 50 кремации на ден, додека поради големиот број на погреби мртовечниците на другите гробишта се преполни.

“На неколку дена ни порачуваат дека гробиштата се блокирани и дека немаат повеќе место за прифаќање на починатите”, рекол Џовани Качоли, шеф на италијанската федерација на погребални работници.

Во изјава на почетокот на оваа недела, компанијата “АМА”, која се занимава со погребување и кремирање, признала дека се соочила со ситуација без преседан и дека работи на правење на 60.000 нови гробни парцели за градот.

Било кажано дека градот забележал 4.763 починати повеќ меѓу октомври 2020-та и март 2021-ва отколку во истите месеци во 2019/2020, со тренд на пораст кој продолжува и во април.

Италија досега пријавила 116.000 смртни случаи поврзани со коронавирусот. Повеќето биле во северна Италија, но последните месеци вирусот однел поголем број на жртви во централна и јужна Италија.

>
>