ТППЕ Струга доби донација-современа лична и колективна противпожарна опрема

 ТППЕ Струга доби донација-современа лична и колективна противпожарна опрема

Територијалната портивпожарна единица на Општина Струга се опреми со современа лична и колективна противпожарна опрема. Донирани се четриесет шлемови од најновите модели, дваесет и пет  комплети – дрегери за дишење, маски и опрема за помош при сообраќајни несреќи, противпожарни униформи и друга опрема.

Изразуваме голема благодарност до г. Џемаил Усеини и Бесим Алиу кои ја донираа оваа опрема, која не само што ја олеснува работата на пожарникарите, туку обезбедува и посовремени услуги за нашата општина.“-велат од Општина Струга.

>
>