Трагедија во Босна, осум тинејџери се задушиле чекајќи ја новата година

 Трагедија во Босна, осум тинејџери се задушиле чекајќи ја новата година

Осуммина млади луѓе се задушија синоќа со плин во близина на градот Посушје во Босна и Херцеговина. Станува збор за четири девојки и четири момчиња на возраст од 18 до 19 години. Биле во викендица каде славеле нова година. Се претпоставува дека се задушиле со плин од агрегат кој ја снабдувал куќата со електрична енергија.

Полицијата била повикана утринава од соседната викендица, каде и таму млади луѓе славеле нова година, но забележале дека од куќата никој не излегол долго време. Потоа се обиделе да влезат во куќата, чија врата била заклучена. Еден од нив влегол и во приземјето ги видел тинејџерите кои биле во бесвесна состојба. Утрешниот ден на територија на цела држава е прогласен ден на жалост.

  • Трагедија, трагедија со која ја одбележуваме оваа година. Трагедија која засекогаш ќе остане во срцата на семејствата на оние кои починаа. лично , не можам да замислам нешто полошо и потрагично од загуба на дете во ваква трагедија. Тука сме да помогнеме и да изразиме сочуство до семејствата кои ги загубија своите деца. Се молиме со нив, изјави премиерот на Западна Босна, Зденко Ќосиќ.
>
>