
Трагедија во Грција: Се сруши авион- телата на патниците јагленисани
Две лица загинаа во авионска несреќа што се случи денес во областа Илија, северо-источно од градот Пиргос во Грција.
Според страницата enikos.gr, мал авион на локалниот воздушен клуб се урнал под неразјаснети околности.
Авионот паднал во селото Харија во близина на станбена зграда, а телата на патниците биле јагленисани.
Пожарникарите излегоа на местото на несреќата, а причините за падот допрва треба да се утврдат.