
Трагедија во Србија: Се удавиле две деца во каналот Дунав-Тиса-Дунав
Во каналот Дунав-Тиса-Дунав денес околу 17:30 часот се удавиле две деца од 16 и 14 години.
„Заменик обвинителот во Вишото јавно обвинителство во Суботица и полициските службеници на Полициската управа од Суботица утврдиле дека малолетниците скокнале во каналот Дунав-Тиса-Дунав да се капат, но биле непливачи, поради што дошло до давење“, изјавивиле за „Вечерни новости“ од суботичката полиција, пренесе „Б92“.