• 19/09/2020

Трагедијата кај Зворник на бензинската пумпа можела да се спречи само со еден телефонски повик

 Трагедијата кај Зворник на бензинската пумпа можела да се спречи само со еден телефонски повик
loading...
Advertisement

Трагедијата на бензинската пумпа кај Зворник во Република Српска на границата со Србија, можела да се спречи доколку очевидците повикале помош или го пријавиле дефектот на станицата за точење гас.

Како што пишува српски Блиц, според сведочењето на некои очевидци, првите сигнали дека нешто не е во ред пристигнале 40 минути пред експлозијата, кога автомобил удрил во пумпата за плин и почнал да истекува бел густ чад.

Иако ситуацијата била критична, никој не го сопрел сообраќајот и никој не пријавил дефект.

Откако веќе не се слушало дека излегува плин, дошло до експлозија во која загина 49 годишниот Зоран Аврамовиќ од Лозница.

Вчера, околу 10 и 40, на бензинската пумпа ,,Нешковиќ“ крај Зворник дојде до голема експлозија, во која едно лице загина, повеќемина се повредени, а е направена голема материјална штета.