• 25/09/2020

Тренерот на Тајсон: Мајк може да убие некој со десната рака, комплетно ме зачуди

 Тренерот на Тајсон: Мајк може да убие некој со десната рака, комплетно ме зачуди
loading...
Advertisement

Видеото кое го објави Мајк Тајсон на социјалните мрежи експресно стана вирален хит и беше добар пример за тоа дека легендарниот боксер навистина не се шегува за враќањето во рингот, без разлика на тоа што важи само за хуманитарни настани.

„Челичниот“ Мајк почна напорно да тренира во друштво на тренер, а сега токму човекот кој мина неколку дена со Тајсон образложи дека боксерот се уште има моќ во десната рака, доволно да убие некого со неа.

– Ако сака да се врати во полна пареа, дајте му шест месеци и ќе може да се бори против било кој. Давам збор за тоа и не се шегувам. Тоа беше наша прва сесија која ја видовте.

– Може да замислите што ќе биде за три седмици? Самошто започнавме со тренингот, се зачудив. Го видов истиот човек, со истата брзина, со истата моќ од пред 20 години. Се уште може да убие некој со десната рака, – вели тренерот Кордеиро за „ЕСПН“.