Трета МФЛ: Порази на Дебрца и Сатеска

 Трета МФЛ: Порази на Дебрца и Сатеска

Екипите на Дебрца и Сатеска не успеаја да освојат бодови во претпоследната рунда од есенската полусезона во Третата македонска фудбалска лига југо-запад претрпувајќи порази од Фљамуртари 4-1 односно Преспа 4-2.

Дебрца во втората минута од мечот поведе 1-0 со голот на Боге Бимбилоски. Водечкиот погодок на гостите ги разигра домаќините кои до крајот на првиот дел постигнаа три погодоци. Во второто полувреме со уште еден погодок ја заверија победата.

И тимот на Сатеска поведе во Ресен против Преспа и потоа претрпе пораз. Погодокот за водство на „црвените“ од Волино го постигна Никола Шекуткоски. Ресенчани изедначија на 1-1 од пенал а потоа реализираа нови три погодоци за водство 4-1. Сатеска со вториот погодок на Шекуткоски го ублажи поразот.

Резултати:

Караорман – Новаци 5-2

Велешта – Кравари 4-0

Преспа – Сатеска 4-2

Октиси – Македонија 3-1

Лирија Грнчари – Стрела Спорт 7-0

Црно Буки – Влазними 5-3

Фљамуртари – Дебрца 4-1

Табела: Велешта 31, Црно Буки 24, Октиси 22, Фљамуртари 21, Преспа 20, Лирија Грнчари 20, Влазними 19, Караорман 17, Новаци 15, Кравари 14, Сатеска 12, Дебрца 11, Македонија 9, Стрела Спорт 4

Извор:OhridNews