Три лица загинаа во експлозија во населено место во Индијана

Три лица загинаа во експлозија во населено место во Индијана

Властите во сојузната држава Индијана сеуште не можат да ја утврдат причината за силната екслозија што одекна во градот Eвeнсвил, при што три лица загинаа и 39 куќи беа оштетени.

Експлозијата се случила синоќа. Повеќе од десет служби реагирале и дошле на местото на настанот за спасување и гасење на пожарот.

Градначаликот Лојд Винек, го опишал настанот акако „разурнувачки“, истакнувајќи дека ќе биде потребно време да се дознае причината.

Покрај загинатите, најмалку едно лице било однесено во болница поради тешки повреди.

Според полицијата, бројот на жртвите може да биде и повисок. Оттаму укажаа дека соседството е опасно дасе влегува и порачаа на жителите да го избегнуваат тој дел од градот.

Иако нема официјални резултати од започнатата истрага, се претспоставува дека експлозијата е резултат на истекување на гас. Слична експлозија во овој град имало и во 2017 година кога загинале две лица. Во Индијанополи пак, од експлозија на гас во 2012 година биле уништени или оштетени 80 куќи, а две лица загинале.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy