Три малолетни деца се давеа денес воЕ зерото, ги спаси фудбалерот Един Мерсовски

Три малолетни деца се давеа денес воЕ зерото, ги спаси фудбалерот Един Мерсовски

Храбриот фудбалер на ГФК „Охрид Лихнидос“ Един Мерсовски денес спаси три малолетни деца кои се давеа во Охридското Езеро.

– Најпрво мислевме дека играат и покрај тоа што е чудно ова време во вода да се капат, но многу брзо сфатив дека нешто не е во ред. Многу луѓе кои се шетаа по кејот застанаа и гледаа. Од брегот се гледаше дека се обидуваат да испливаат, но дека не можат. Веднаш скокнав по нив. Како ги влечев ги подавав на другарите да ги извлечат од водата, раскажува Мерсовски за порталот News 1.

По инцидентот спасителот од исплашените деца разбрал дека додека седеле на мостот, едно од дечињата се лизнало и паднало во водата, а другарчињата сакајќи да му помогнат скокнале по него.

Но, ладната вода и стресот кај овие дечиња кое се на 8-9 годишна воздраст си го направил своето. Децата наместо да се извлечат едно со друго, ладната езерска вода почнала да ги повлекува надолу.

Среќа овој инцидент има среќен крај. Децата се добро, а нивниот спасител, фудбалерот Един на тренинг стигна откако се пресоблече.

извор: News 1 

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds