
Триатлонците од Струга со одличнни резултати на Купот на Македонија во велосипедизам
Членовите од Триатлон клубот 3Дисциплини од Струга одлични на Купот на Македонија во велосипедизам што се одржа во Охрид.
Димитар Јованоски е апсолутен победник, Олса Орани освои прво место во категорија у-13 и прво место жениу-13. Тија Кукунешоска освои второ место жени у-13 и трето место у-13. Симеон Јованоски освои прво место машки У-13 и второ место у-13. Хади Исмаилоски второ место машки У-13, Марко Шаврески трето место у -13.
Во добро светло се покажаа и најмладите, Јован Кутаноски (осум години) освои четврто место, а Виктор Опетчески освои четврто место.
Следен предизвик за струшките триатлонци ќе биде триатлон натпреварот што наредниот викенд ќе се одржи во Скопје.
извор:StrugaOnline