• 21/09/2020

Триесет години од падот на Берлинскиот ѕид

 Триесет години од падот на Берлинскиот ѕид
loading...
Advertisement

На денешен ден се одбележува 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, настан кој го промени светот.

Неполна година подоцна, на 3 октомври 1990 година, Германија беше повторно обединета по 41 година поделба. Со пропаѓањето на втората диктатура на германско тло, со крајот на Германската Демократска Република, комплетно исчезна реалсоцијалистичкиот табор во Европа од политичката карта. Западно-источниот конфликт беше завршен.

9 Ноември 1989 година беше историски ден за Германија и за Европа.

Берлин, во 1945 година кога заврши Втората светска војна и беше поразена нацистичка Германија, беше уништен град. Со Берлинскиот ѕид беше поделен во 1961 година, изграден за да се спречи пребегнување на источни Германци во западниот дел на државата.

Во денешно време, најголемиот дел од ѕидот го нема. Делот кој сè уште постои служи како музеј на отворено. Милиони луѓе го посетуваат секоја година.