Тригодишно дете преживеа пад од петти кат (ВИДЕО)

 Тригодишно дете преживеа пад од петти кат (ВИДЕО)

Надзорна камера во Њујорк во понеделникот снимила пад на тригодишно дете од петти кат во зграда.

Видеото прво го прикажува движењето на тендата на која паднало тригодишното дете. По падот на земја, на снимката се гледа како момчето се обидува да стане.

Го пронашла жена како шетала по улицата, а наскоро група луѓе се собрале околу момчето и се обидувале да му помогнат.

Ен-Би-Си Њујорк објави дека момче од Бронкс, по име Хозе, имало Даунов синдром и било дома со мајка му, сестрата и тетката кога паднало низ прозорецотот. Семејството подоцна соопштило дека момчето отстранило парче картон од прозорецот.

Претставник на станарите пред новинарите изјавил дека првично имало заштитна преграда на прозорецот, кој бил отстранет поради инсталирање на климатиза. Тој рече дека бариерата во меѓувреме е заменета.

Кога сфатила што се случило, мајката на Хозе претпоставила дека момчето е мртво.

“Тој само нè гледаше изненадено. Не плачеше”, рече тетката која прва истрчала од станот кон момчето на тротоарот.

Полицискиот оддел во Њујорк соопштил дека инцидентот е класифициран како несреќен случај и нема да биде покренато обвинение.Хозе го скршил бутот и ќе мора да остане во болница еден месец.

„Чудо е што бебето е сè уште живо“, рече Хектор Назарио, сопственикот на тендата на која паднало бебето.

>
>