Трикот со јајце го воодушеви ТикТок – веднаш ќе сакате да го направите за појадок

Трикот со јајце го воодушеви ТикТок – веднаш ќе сакате да го направите за појадок

ТикТок изобилува со интересни кулинарски (и останати) трикови, а сега вниманието на социјалните мрежи го привлече едно видео кое прикажува интересен начин на припрема на јајца.

Видеото е објавено на профилот @sunnycusine и прикажува како да направите „коверт“ од јајце. Во тава со нелеплива површина, скршете го јајцето и одвојте ја жолчката од белката. Оставете белката малку да се испржи, а потоа во средината ставете ја жолчката. 

Потоа, нежно и внимателно преклопете ја белката преку жолчката, од сите четири страни.

По што би требало да го добиете ова:

Можеби нема да ви испадне од прва, но бидете упорни и внимателни додека ја преклопувате белката. Исто така, важно е да го пржите јајцето во тава во која нема да се залепи на дното.

Видеото има над 4 милиони лајкови и над 20 илјади споделувања и коментари.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds