• 24/09/2020

Тројца загинати при лошо слетување на авион во Истанбул

 Тројца загинати при лошо слетување на авион во Истанбул
loading...
Advertisement

Три лица загинаа, а 179 се повредени, вчера, при излетување на авион од пистата на аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул, Турција, во услови на лошо време, проследено со обилни врнежи и силен ветер.

Авионот од типот „Boeing 737“ на команијата „Пегасус“ според првичните претпоставки имал таканаречено „тврдо“ слетување, при што бил погоден од силни ветрови, по што се прекршил на три дела.

Тројцата загинати се турски државјани. Дел од патниците сами се евакуирале од уништениот авион, додека многумина биле заглавени во него и биле извлечени ос спасувачките екипи.

Поради инцидентот во прекин беа летовите на аеродромот „Сабиха Ѓокчен“. Од утрово аеродромот повторно е оперативен, иако се уште има откажани летови.