Тунел за бегство долг 20 метри беше откриен во центар за притвор на мигранти во Австралија

 Тунел за бегство долг 20 метри беше откриен во центар за притвор на мигранти во Австралија

Недовршен тунел за бегство долг 20 метри беше откриен во центар за притвор на мигранти во Западна Австралија, јавуваат тамошните медиуми.

Тунелот, кој бил ископан три метри под земја, е пронајден вчера а бил изграден под блокот за сместување во комплексот „Фалкон“ во центарот „Хонга Хил“.

„Тунелот започнува под подот на просторијата 6Ф, а потоа продолжува под две внатрешни огради и завршува на пет метри од надворешната ограда“, велат адвокатите на организациите што се занимаваат со прашањето на мигранти.

Тие наведоа дека не е познато кој и со што го ископал овој тунел.

Податоците на австралиските погранични власти покажуваат дека во овој центар има околу 315 мажи, меѓу нив се 175 лица од оние на кои владата им ги одзела визите и 140 баратели на азил, а во центарот нема жени и деца.

Просечното време поминато во австралискиот имиграциски притвор сега е 627 дена, а „Хонга Хил“ често се користи за притвор на луѓе на подолг временски период, пишуваат медиумите.

Седумдесет и три лица се наоѓаат во имиграциски притвор повеќе од пет години, а пренесува Гардијан.

>
>