Тур де Франс 2024 се сели од Париз во Ница поради ОИ

Тур де Франс 2024 се сели од Париз во Ница поради ОИ

Последната етапа од велосипедската трка Тур де Франс ќе се пресели во 2024 година од Париз во Ница, бидејќи главниот град на Франција ќе биде домаќин на Олимписките игри, соопштија денеска организаторите на трката и градот Ница.

Етапата која се возеше во Париз, традиционалниот спринт на Елисејските полиња, овој пат ќе биде индивидуална трка на хронометар.

Тур де Франс прв пат го напушта Париз од 1905 година, а воедно тоа ќе биде прв пат од 1989 година последната етапа да биде завршена со трка на хронометар.

Париз од јули до август 2024 година ќе биде домаќин на Олимписките игри чиј домаќин беше два пати во минатото – во 1900 и 1924 година.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy