Турција им се закани на Американцитe: Или F-16, или купуваме Su-57 и “Su-35”

 Турција им се закани на Американцитe: Или F-16, или купуваме Su-57 и “Su-35”

Турција би можела да купи руски авиони “Su-35” и “Su-57” доколку Американците се откажат од процесот на продажба на авионите “F-16”, изјавил шефот на турската одбранбена индустрија Исмаил Демир.

“Ако процесот за продажба на американски авиони не биде реализиран, нема да имаме алтернатива. Ако биде потребно во било кој момент ќе отвориме тема за купување на Su-35 и Su-57. Нашата индустрија прави се за да осигура безбедност, а доколку ни е потребно нешто дополнително, секогаш ќе пронајдеме излез”, рекол тој.

Претходно претседателот на Турцја, Реџеп Тајип Ердоган изјавил дека Американците на неговата земја и понудиле да купи авиони “F-16” откако Анкара била исклучена од програмата за производство на најновите ловци “F-35”.

Истовремено, директорот на руската Федерална служба за воено-техничка соработка, Дмитриј Шугајев рекол дека Русија е подготвена на преговори со Турција по прашањето за испорака на воени авиони.

Како што рекол, првенствено е потребно официјална Анкара да донесе одлука за купување на тие авиони.

извор:Точка

x