Турција испраќа бродови за трагање по нафта и гас, грчката војска во готовност

Турција испраќа бродови за трагање по нафта и гас, грчката војска во готовност

Турција најави испраќање на бродови за трагање по полиња со нафта и гас во спорно подрачје од Средоземното море, со што се зголемија тензиите со соседна Грција, но и Европската унија која ја повика Анкара да се откаже од таа идеја.

Како што соопштија властите од Атина, грчката армија е во состојба на готовност поради најновиот развој на ситуацијата. Турските власти соопштија дека истражувачкиот брод „Орук Реис“ и два помошни бродови ќе „трагаат“ до 2-ри август јужно од грчките острови Родос, Карпатос и Кастелоризо.

„Турција ја зголеми агресивноста кон Грција, Кипар и Европската унија“, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Иако се земји сојузнички од НАТО Алијансата, Грција и Турција се во конфликт околу правата на експлоатација на гас и нафта во регионот. Сепак, Турција се соочува со проблем поради фактот што Европската унија, но и САД се поостро ги критикуваат властите од Анкара поради намерата за проширување на истражувањето на територија која Грција ја смета за своја.

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас кој е во посета на Атина, ја повика Турција да ги избегне „провокативните акции“ и да се вклучи во преговорите со Европската унија.

„Имаме многу јасен став – меѓународното право мора да се почитува. Поради тоа, напредок во односите со Турција може да се постигне само доколку Анкара ги избегнува провокациите на источниот Медитеран“, изјави Мас.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds