• 19/09/2020

Турција ќе насели еден милион сириски бегалци во преземените сириски територии

 Турција ќе насели еден милион сириски бегалци во преземените сириски територии
loading...
Advertisement

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги објави плановите на Анкара за територии во северна Сирија, кои турската армија ги контролира по офанзивата јужно од границата.

– Ние ќе ја финансираме преселбата на бегалците, рече Ердоган за државната телевизија, коментирајќи опција во која други земји не сакаат да се вклучат во планот.

Не се објавени конкретни датуми за спроведување на планот.

Турција почна воена офанзива против курдските единици во северна Сирија, користејќи ги своите трупи и бунтовниците поддржани од Анкара. Како резултат на офанзивата, под турска контрола беше ставена територија од околу 120 на 30 километри.

Претходно Турција соопшти дека на таа територија ќе насели два милиони од сириските бегалци кои живеат на нејзина територија.

Но откако потпиша договори со САД и Русија за запирање на офанзивата, Турција контролира значително помала од планираната „безбедна зона” со должина над 440 километри.

На средбата на НАТО во Лондон Ердоган се обиде да ги убеди лидерите на Франција, Германија и Велика Британија да го поддржат неговиот план за преселување на Сиријците.

Тој рече дека „една земја од НАТО ветила поддршка” без да посочи која, а претходно соопшти дека и Катар ќе учествува.

Европската Унија и НАТО го критикуваа планот на Ердоган и воената офанзива на Турција, која, според нив, претставува закана за борбата против терористите од Исламска држава.

Турција ги отфрли тие обвинувања.