Турција нема да бара ПЦР тестови за посетителите од овие 16 држави

 Турција нема да бара ПЦР тестови за посетителите од овие 16 држави

Турските власти објавија дека посетителите од 16 држави и региони нема да мораат да приложат ПЦР-тест за патување во Турција, јави турската агенција Анадолија.

Министерство за здравство на Турција објави дека на листата на земји и региони се наоѓаат Хонгконг, Кина, Тајван, Виетнам, Австралија, Нов Зеланд, Сингапур, Тајланд, Јужна Кореја, Израел, Јапонија, Велика Британија, Латвија, Луксембург, Украина и Естонија.Оваа одлука ќе стапи на сила од 15 мај.

>
>