Турција: Приведени уште 150 лица поврзани со неуспешниот пуч

 Турција: Приведени уште 150 лица поврзани со неуспешниот пуч

Турските власти денеска приведоа најмалку 150 осомничени приврзаници на исламскиот свештеник Фетула Ѓулен, чие  седиште е во САД, вклучувајќи и војници во активна служба, соопшти ДПА, повикувајќи се на државната агенција Анадолија.

Агенцијата дополнува дека полицијата и жандармеријата трагаат по уште 34 други осомничени во 53 градови низ земјата.

Меѓу осомничените има 123 активни војници на служба од копнените, воздушните, поморските и жандармерските сили. Триесет и осум други се поранешни питомци, кои беа избркани по неуспешниот пуч од страна на фракција во војската на 15 јули 2016 година.

Повеќе од четири години подоцна, Анкара продолжува да ги собира осомничените лојалисти на Ѓулен, кои се обвинети дека со децении се инфилтрирале во државниот апарат, со цел на крајот да го организираат пучот.

Турција движењето на Ѓулен го прогласи за терористичка група и затвори илјадници негови следбеници поради наводните врски со него. Десетици илјади беа избркани од јавните служби.

Ѓулен негира каква било улога во неуспешниот пуч, пренесе ДПА.

>
>