Турција разреши 16 амбасадори, меѓу кои и амбасадорката во Скопје

Турција разреши 16 амбасадори, меѓу кои и амбасадорката во Скопје

Кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави претседателски декрет со кој од должноста се разрешуваат амбасадорите на Турција во 16 земји, меѓу кои и во Северна Македонија.

Според декретот, сите разрешени амбасадори, меѓу кои и амбасадорката во земјава Тулин Еркал Кара, ќе бидат прераспоредени на должности во турското Министерство за надворешни работи, а на нивните места ќе бидат именувани нови дипломатски претставници.

Пред две недели од амбасадата на Турција во Македонија преку соопштение изразија разочараност од „братска Македонија“ и соопштија дека луѓето од Македонија кои се уште работат за терористички организации и институции како Фето, ПКК, ПЈД и ДЕАШ или оние кои се уште ги поддржуваат, веќе нема лесно да влегуваат во Турција,

Покрај амбасадорката во земјава, сменети се и амбасадорите на Турција во Алжир, Бангладеш, Белорусија, Виетнам, Гамбија, Габон, Гватемала, Доминиканската Република, Естонија, Јордан, Казахстан, Туркменистан, Чад, Чиле и Шри Ланка.

Извор: Радио Слободна Европа

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds