
Турција: Земјотрес со магнитуда од 4,1 степен во Мраморното Море
Земјотрес со јачина од 4,1 степен се случи во Мраморното Море, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Одделот за земјотреси при турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), земјотресот се случил на длабочина од 9,9 километри, во околу 12:57 часот по локално време, на приближно 8,2 километри од подрачјето Саркој во областа Текирдаг.
Земјотресот исто така се почувствувал и во турската метропола Истанбул.