
Турција:Ифтар со разлика од 1 минута на истата улица 
Улицата го разделува соседството Амбартапе, кое му припаѓа на градот Самсун, од соседството Шенболук, кое му припаѓа на градот Орду

– Жителите на улица во северна Турција, која е поврзувачка точка на црноморските градови Самсун и Орду, територијално им припаѓаат на различни градови. Оваа ситуација е интересна кога ќе дојде Рамазан, бидејќи мештаните, иако живеат на иста улица, ифтарат во различно време, пишува Агенција Анадолија (АА).

Улицата го разделува соседството Амбартапе, кое му припаѓа на градот Самсун, од соседството Шенболук, кое му припаѓа на градот Орду.
Двете соседства ги разделува улица широка седум метри, така што мештаните имаат можност само со неколку чекори да преминат од град во град. Она што секако е особено интересно е времето на ифтарот во текот на месецот Рамазан, со оглед на тоа што постои едноминутна временска разлика за намаз (молитва) помеѓу градовите Самсун и Орду.

Откако жителите од едната страна на улицата ќе ифтарат, жителите од другата страна, поради временската разлика, треба да почекаат уште една минута за да го прекинат постот.
Шукру Кишла, кој живее на страната на улицата што му припаѓа на градот Орду, вели дека е вистина дека неговото маало ифтари една минута порано. Секако, мештаните кои ифтарат една минута подоцна не се лутат, бидејќи една минута подоцна и запостуваат, објаснува со смеа Кишла.
„Јас во исто време сум музеин во нашето соседство Шенболук и го учам езанот една минута порано во однос на нашите соседи во соседството преку улицата“, вели Кишла.

Сејфетин Кишла, исто така, живее на страната на улицата што му припаѓа на градот Орду.
„Соседната страна на улицата го започнува ифтарот една минута по нас, меѓутоа ние исто така почнуваме со постот една минута пред нив. Тоа е многу интересна ситуација“, рече Кишла.
Соговорниците велат дека меѓу мештаните честопати е присутна шега во контекстот: „Бујрум кај нас на ифтар, кај нас оџата учи [го изговара езанот] порано.“