• 28/09/2020

Турист земал песок од плажа во Сардинија, добил казна од 1.000 евра

 Турист земал песок од плажа во Сардинија, добил казна од 1.000 евра
loading...
Advertisement

На еден француски турист му било наредено да плати казна од 1.000 евра откако во неговиот багаж се обидел од Сардинија да однесе повеќе од два килограми локален песок, пренесува „Индекс.хр“.

Идиличниот бел песок на италијанскиот остров е заштитен, а туристите се соочуваат со парични казни, па дури и со затвор, поради неговото „крадење“ од локалните плажи.

Неименуваниот Французин бил приведен на аеродромот „Каљри Елмас“ на 1 септември откако кај него биле пронајдени шишиња во кои имало два килограми песок, пренесува Си-ен-ен.

Шишињата со песок се запленети и се наоѓаат во локалната полициска станица каде што во текот на годината се собираат големи количини на песок кој туристите се обидуваат да го понесат со себе дома.

На Сардинија во 2017 година беше воведен локалниот закон со кој се забранува земањето на песок од плажите на островот.