
Туркиш Ерлајнс од 27 март до 17 април ги прекинува сите свои меѓународни летов
Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) од 27 март до 17 април ги сопре сите свои меѓународни летови со исклучок на оние за Хонгконг, Москва, Адис Абеба, Њујорк и Вашингтон.
Генералниот директор на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) Билал Екши во објавата што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: “Почнувајќи од 27 март до 17 април ги прекинуваме сите наши меѓународни летови со исклучок на оние за Хонгконг, Москва, Адис Абеба, Њујорк и Вашингтон. Нашите карго летови ќе продолжат. Нашите домашни летови заедно со тоа што ќе се намалат ќе продолжат.”