Турската нуркачка Шахика Ерџумен го собори светскиот рекорд нуркајќи на длабочина од 100 метри без пераи

Турската нуркачка Шахика Ерџумен го собори светскиот рекорд нуркајќи на длабочина од 100 метри без пераи

Светската рекордерка во слободно нуркање, Ерџумен, со еден здив се спушти на длабочина од 100 метри, во категоријата со променлива тежина без перки

АНТАЛИЈА (АА) – Турската нуркачка Шахика Ерџумен го собори светскиот рекорд на длабочина од 100 метри, посветен на 98-годишнината од Републиката, во подрачјето на Каш, Анталија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Светската рекордерка во слободно нуркање, Ерџумен, со еден здив се спушти на длабочина од 100 метри, во категоријата со променлива тежина без перки.

Шабан Арда Јазиџи, гувернерот на Каш и градоначалникот Мутлу Улуташ, го следеа обидот на турската нуркачка Ерџумен да го собори светскиот рекорд за мажи и жени во еден здив, посветен на 98-годишнината од Републиката.

Ерџумен за време од 2 минути и 53 секунди се спушти на длабочина од 100 метри без боца за нуркање.

Во изјавата за медиумите, откако го собори светскиот рекорд, Ерџумен рече дека светскиот рекорд го посветува на 98-годишнината од Републиката и на војниците на Армијата на Турција.

​​​​​​​Наведувајќи дека е многу среќна и горда, таа нагласи: „Со овој светски рекорд сакавме да го привлечеме вниманието и на прашања како што се климатската криза, глобалното затоплување и родовата еднаквост.“

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds