
Турски професори дизајнирале робот кој ќе помага во борбата против Ковид-19
Професори во турскиот црноморски регион Орду дизајнирале робот кој ќе помага во борбата против Ковид-19. Шест професори од Центарот за наука и уметност „Д-р М. Хилми Ѓулер“ во Орду, Турција, поврзан со националното Министерство за образование, соопштија дека развиле робот што мери температура, дава маски и средства за дезинфекција и ги контролира автоматските уреди.
Професорите, кои се специјалисти за кодирање, софтвер, дизајн, механичка и електрична енергија, го дизајнирале роботот и го изработиле со помош на 3Д принтер.
Сместен на влезот од зградата, роботот ќе ја мери температурата на оние што сакаат да влезат и ако температурата е висока, нема да дозволува вратите да се отворат. Ако температурата е нормална, ќе им дава на гостите маски и средство за дезинфекција.