Турски воен авион се урна во море за време на тренажен лет – пилотите спасени

 Турски воен авион се урна во море за време на тренажен лет – пилотите спасени

Турски воен авион се урна во море за време на тренажен лет, а двајцата пилоти кои се наоѓале во леталото се спасени, соопшти денеска турското Министерство за одбрана.

Авионот од типот КТ-1 се урна во близина на градот Фоча, на брегот на Егејското Море, во турската провинција Измир.

Локалните медиуми објавија дека пилотите се катапултирале, а потоа се пренесени в болница без сериозни повреди.

Истрагата околу причината за уривањето на авионот е во тек. 

>
>