Турскиот готвач Бурак Оздемир подготви заеднички ифтар за верниците во „Ал Акса“

Турскиот готвач Бурак Оздемир подготви заеднички ифтар за верниците во „Ал Акса“

Познатиот готвач ѝ врачи донација на Црвената полумесечина за организирањето ифтар за 2.000 Палестинци и подготви заеднички ифтар за верниците во Џамијата „Ал Акса“

АЛ КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Познатиот турски готвач Бурак Оздемир, кој има голем број следбеници на социјалните мрежи, познат и како ЏЗН Бурак, ги поддржа активностите на Црвената полумесечина на Турција во Палестина и учествуваше во делењето на помошта на луѓето кои имаат потреба од неа, јавува Агенција Анадолија (АА).

Познатиот готвач ѝ врачи донација на Црвената полумесечина за организирањето ифтар за 2.000 Палестинци и подготви заеднички ифтар за верниците во „Ал Акса“. Оздемир лично ги делеше ифтарските оброци во комплексот на Џамијата „Ал Акса“ во Ерусалим.

Црвената полумесечина на Турција, во рамките на кампањата за Рамазан, продолжува да им пружа рака на помош на луѓето низ светот.

Само во Палестина, Црвената полумесечина на Турција за време на Рамазан организира хуманитарни активности на 21 пункт.

Планирано е да се поделат околу 5.000 пакети со храна и да се организираат ифтарски програми за 12.000 луѓе.

Црвената полумесечина на Турција има за цел во текот на Рамазан да им пружи помош на околу 42.000 луѓе во Палестина.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds