Твитер ги укинува мерките за борба против дезинформациите за Ковид-19

Твитер ги укинува мерките за борба против дезинформациите за Ковид-19

Твитер соопшти дека става крај на мерките за борба против дезинформациите за вирусот Ковид-19, што вклучуваат етикети и предупредувачки пораки на твитови со спорни информации, како и отстранување на твитови со лажни тврдења за вакцините.

„Од 23 ноември 2022 година, Твитер повеќе не спроведува посебни мерки за контрола на информациите за Ковид-19“, се вели во соопштението на официјалната страница на Твитер.

Американскиот милијардер Илон Маск ја презеде компанијата Твитер во октомври и потоа започна серија реформи.

По преземањето на компанијата, Маск рече дека сака да создаде совет за модерација на содржината што ќе вклучува модератори со „многу различни гледишта“.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy