Твитер суспендираше профили на политичари во Србија

Твитер суспендираше профили на политичари во Србија

Компанијата Твитер суспендираше профили на неколку претставници и политичари на владејачката Српска напредна партија (СНС) во Србија, како и на еден владин функционер, јавува „Ал Џезира“.

Меѓу суспендираните сметки е и онаа што ја користел Арно Гујон, директор на Дирекцијата за соработка со дијаспората и Србите во регионот, кој на таа функција беше поставен во 2020 година од Владата на Србија.

Твитер ги суспендираше сметките на 12 претставници на СНС во српскиот парламент.

Меѓу нив, како што соопштија од невладината ЦРТА, која ја следи работата на парламентот, се сметките на Невена Ѓуриќ, Сандра Божиќ, Милица Николиќ, Јелена Обрадовиќ, Александар Марковиќ, Крсто Јањушевиќ, Душан Радојевиќ, Јелена Жариќ Ковачевиќ. Александра Томиќ, Сташа Стојановиќ, Зоран Томиќ и Андријане Васиќ.

Освен нив, Твитер ги суспендираше и сметките на одредени високи членови на владејачката партија во Србија, како што се градскиот менаџер во Белград, Мирослав Чучковиќ и Славиша Миќановиќ, за кој белградските медиуми велат дека го води „интернет тимот“ на СНС.

Твитер јавно не објави зошто ги суспендирал сметките на членовите на партијата, на чие чело е претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy