ТВОРЕЦОТ НА СПУТНИК ПРЕДУПРЕДУВА Нѐ чека тешка есен, опасност од нови поопасни соеви

 ТВОРЕЦОТ НА СПУТНИК ПРЕДУПРЕДУВА Нѐ чека тешка есен, опасност од нови поопасни соеви

Vials labelled “Sputnik V Coronavirus COVID-19 Vaccine” and a syringe are seen in front of a displayed Russian flag, in this illustration photo taken March 12, 2021. REUTERS/Dado Ruvic/Illustration

Зборувајќи за руската вакцина, тој спомена дека заштитува 83 проценти од случаите од делта сојот, а во 94 проценти од случаите штити од развој на потешки форми на болеста и хоспитализација.

Александар Гинзбург, директор на Научно-истражувачкиот центар Гамалеј и креатор на вакцината „Спутник V“, рече дека ако ситуацијата се развива вака, нѐ очекува тешка есен и дека постои голема опасност од нови видови на коронавирусот, кои би можеле да бидат уште поопасни од делта варијантата.

Гинзбург посочи дека Центарот Гамалеја прави сѐ за да спречи појава и последици од вакви сценарија, но дека вакцинацијата на глобално ниво е многу бавна.

Според него, некои земји целосно го вакцинирале населението, додека, на пример, Африка дури и не започнала со имунизација.

– Ако сега сите фабрики и погони во светот почнаа да произведуваат само една вакцина, не е важно која, би можеле да произведеме доволно за да вакцинираме само 12 до 15 проценти од светската популација, додека за да го победиме овој вирус треба да се вакцинираме 70 проценти од населението – изјави Гинзбург.

Зборувајќи за руската вакцина, тој спомена дека заштитува 83 проценти од случаите од делта сојот, а во 94 проценти од случаите штити од развој на потешки форми на болеста и хоспитализација.

– За разлика од „mRNA“ вакцините, кои произведуваат само еден вид антитела против протеинот „С“ и со тоа го неутрализираат вирусот, поради што нивната ефикасност против соединенијата на делта се намалува на 40 до 50 проценти, „Спутник V“ произведува неколку видови на овие антитела, кои вклучуваат и тоа против вирусот делта, а исто така и против британските и јужноафриканските соеви – објасни Гинзбург.

Делата варијантата на вирусот е поопасна од сите претходни

Тој изјави дека видот на делта е поопасен од сите претходни и за разлика од видот од Вухан, кој кога ќе влезе во клетката може да се реплицира во вирусни честички што влегуваат во крвта, делта сојот поминува од клетка во клетка преку специјални канали, со што се формираат огромни клетки кои произведуваат големи количини на вирусни честички, илјадници пати повеќе отколку во видот од Вухан.

>
>