Уапсено лице на Ќафасан по кој трагал Интерпол

 Уапсено лице на Ќафасан по кој трагал Интерпол

На Ќафасан фатен Албанец по кој трагал Интерол Норвешка. 

На 13.12.2020 од полициски службеници од Полициска станица „Ќафасан“ бил лишен од слобода П.М.(43) од Р.Албанија, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ и истиот се бара по потерница од Интерпол Норвешка. Лицето е задржано во Полициска станица Струга за понатамошна постапка, информираат од МВР. 

x